Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, ги отфрли шпекулациите дека неговата борба со Дерек Чисора е загревање за борбата во 2023 година со шампионот на ВБА, ИБФ, ВБО, ИБО, Александар Усик.
Фјури се обиде да обезбеди борба со Усик на крајот на годината, но украинскиот боксер ќе паузира до следната година.
Трилогијата со Чисора ќе се одржи на 3 декември на стадионот на Тотенхем Хотспар. Фјури го победи Чисора со одлука во 2011 година и го запре во нивниот реванш во 2014 година.
Усик го победи Чисора потешко од очекуванато, со одлука по 12 рунди.
„Воопшто не се подготвувам за Усик. Ќе тренирам за него две недели. Луѓето постојано зборуваат за Усик… Зошто тој ништо не му направи на Чисора кога боксираа? Ќе го смачкам. Што може да ми направи? Ништо“, изјави Фјури за Мирор.
Фјури има намера да продолжи да се бори до последните сили.
Во последните дванаесет месеци Фјури уште еднаш го објави своето пензионирање – само за да се врати неколку недели подоцна.
Засега Фјури ги сака најголемите можни борби во својата тежина.
„Мислам дека не можам да живеам нормален живот. Чувствувам дека ми треба лекарска помош за да можам да го направам тоа, а ако има некој кој може да ми помогне, би сакал да ме контактираат“, рече Фјури.
„Нема да можам да го напуштам овој спорт и да имам нормален живот освен ако не сум трениран да го правам тоа, бидејќи нормалниот живот не е за мене. Само ќе продолжам да се борам. Имам три борби следната година почнувајќи од февруари со Усик и ако сака реванш може да има реванш.
Потоа некој на крајот на годината – Дионтеј Вајлдер, Џо Џојс, Даниел Дубоа“.
View this post on Instagram