Фјури: Сонувам да се борам со Кличко на „Олд трафорд“

Fjuri naostren udar na Klicko

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури, изјави дека многу би сакал реваншот со Украинецот Владимир Кличко да се одржи во Велика Британија.

“Сакам датумот и местото на средбата да бидат потврдени што е можно побрзо. За мене нема разлика каде ќе се одржи средбата, ако треба повторно да патувам до Германија, ќе го направам тоа. Но, би било многу подобро ако средбата се одржи во Велика Британија – сакам, тој да дојде во лежиштето на лавот, и да ми оддаде должна почит“, изјави Фјури во интервју за Би Би Си.

klicko-fjuri vo udari

„Мојот сон е да се борам на стадионот „Олд трафорд“. Овој стадион го посетувам од дете и отсекогаш сонував да се борам на стадионот на Манчестер јунајтед. Ако тоа не се случи, „Вембли“ е исто така прифатлива опција. Ако не е на „Вембли“, мечот може да биде и во Кардиф на „Милениум стадионот“, ако тоа не се случи и таму, може и на стадионот на „Стокпорт Каунти“ – секаде во Велика Британија“, изјави Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON