Тајсон Фјури задолжително сака по втор пат да се бори во 2020 година. И не само тоа – „Кралот на Ромите“ нема да биде задоволен со скромен противник.
Фјури стравува дека Дионтеј Вајлдер го одложува и го одложува нивниот меч.
Таборот на Американецот ја држи домашната публика и веќе неколку пати навестија дека договорот со Британцот може повторно да се одложи.
„Ако Вајлдер не сака, да се бориме со Џошуа во декември“, посака Фјури.
„Тоа е само боксерски меч, зошто да не? Тренирам постојано и сакам предизвик. Сега сум подготвен да се борам. Отидов во Америка и му го сритав задникот на Вајлдер. И тие (Џошуа и неговиот тим) ја имаа таа шанса, но не се решија“.
Џошуа може да ме погледне и да помисли: „Може да бидам јас“. Затоа што се вратив од никаде и сега сум на врвот на боксот“, додаде Тајсон Фјури.
Во моментов, се чини многу малку е веројатно дека двајцата Британци ќе се борат во 2020 година. Кубрат Пулев е во редот за средба со Џошуа која веќе неколку пати беше одложувана.