Фјури: Со Џошуа ќе се борам само во Лас Вегас

Две недели пред реваншот со шампионот во тешка категорија на ВБЦ Дионтеј Вајлдер на 22 февруари, Тајсон Фјури зборуваше за неговиот следен меч во боксот. Ако Фјури победи, Вајлдер има можност да ја активира оспорената клаузула за ненеодложен трет меч меѓу нив. Ако нема таква среќа, тогаш Фјури би сакал да го победи и шампионот на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа. Но, само под услов, мечот да е во Лас Вегас (САД).

„Не сакам повеќе да се борам во Велика Британија. Имам бокс-лиценца за САД и имам договор со американската телевизија. Значи, последните три средби од мојот договор дефинитивно ќе бидат во САД. Ќе се борам со секого. Лас Вегас е дом на „Кралот на Циганите“. Не сакам да се борам никаде на друго место, како Флојд Мејведер“, одговори Тајсон Фјури кога беше прашан дали ќе се врати дома, за да се бореи со Ентони Џошуа.

Доколку промоторот на ЕЏ – Еди Херн, смета, дека Саудиска Арабија ќе притисне мечот да се одржи на нејзина територија, менаџерот на Фјури, Френк Ворен, јасно стави до знаење дека неговиот боксер ќе ги определи условите за домаќинство на мечот.

„Ќе се одржи таму каде што се парите и каде што сака Тајсон. И распределбата на парите нема да е 70-30 или 60-40. Ќе биде 50-50“, рече Ворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON