Фјури: Сексот ми е како добар тренинг – „вежбам“ и до два часа!

Тајсон Фјури вечерва на Вембли (23 часот) ќе се бори против Дилиeн Вајт за одбрана на титулата во ВБЦ, поради што неговите контроверзни изјави денеска се ептен актуелни во англиските медиуми.

Убедливо најцитирана изјава на двојниот светски шампион е таа за неговиот сексуален живот, односно дека сексот го третира како добар тренинг, кој не смее да трае под 60 минути, а неретко се „издолжува“ и до два часа.

„Обожувам секс и ептен често го практикувам. Тоа е поради фактот што го третирам како тренинг. Кога водам љубов, тоа трае помеѓу 60 и 120 минути и секогаш многу се потам во обидот да ја задоволам партнерката. Најчесто вакви тренинзи имам три до четири пати неделно, но се случува да тренирам на овој начин и трипати во еден ден“, изјави Фјури.

Тој е во брак од 2008 година со сопругата Париз, со која има шест деца. Но и покрај тоа, често даваше изјави дека во животот спиел со повеќе од 500 жени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON