Фјури се извини што ја одложи борбата со Усик

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, се извини што ја прекина борбата со шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Александар Усик.

„Апсолутно сум уништен бидејќи се подготвував за оваа борба долго време и бев во одлична состојба. Можам само да им се извинам на сите, вклучително и на мојот сопствен тим, на тимот на Усик, на боксерите учесници во мечевите пред гланата борба, на партнерите и навивачите, како и на нашите организатори и моите пријатели во Кралството Саудиска Арабија“, напиша Фјури на социјалните мрежи.

Instagram / tysonfury

Британскиот боксер исто така рече дека ќе работи напорно за да го презакаже мечот штом окото заздрави.

Борбата за неприкосновен светски шампион во тешка категорија меѓу Фјури и Усик е одложена откако Британецот се здоби со сериозна расекотина на тренинг, поради што беа потребни конци за санирање на повредата на окото.

Боксерскиот спектакл меѓу Британецот и Украинецот требаше да се случи на 17 февруари во Ријад, Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON