Во Манчестер се одржа мерењето за борбата за титулата во тешка категорија на ВБО.
Бранител на титулата Новозеландецот Џозеф Паркер (23-0, 18 КО) тежеше 112 килограми, 10 повеќе од предизвикувачот Хјуи Фјури (20-0, 10 КО).
За време на соочувањето, братучедот на Хјуи, Тајсон Фјури, му викал да го удри Паркер, по што го турнал Новзеландецор и настанала гужва.
По интервенцијата на тимот на Паркер променет е судијата во рингот Тери О’Конор, односно нема да биде трет човек во рингот, туку е префрлен за бодовен судија, а неговото место ќе го заземе Маркус Мек Донел.
.