Пред боксира за титулата на ВБЦ, Тајсон Фјури ја заменил лиценцата.
Онаа која што му ја издаде Британскиот боксерски борд за контрола ја замнил со онаа на американската држава Невада и со таа лиценца го освои шампионскиот појас во тешка категорија во реваншот против Дионтеј Вајлдер.
Во Велика Британија последен пат боксураше во 2018 година и секоја година мора да обновува бокс лиценцата.
Фјури не само што чекал да истече британската лиценца, туку и писмено побарал БББоК да ја поништи.
Откако во медиумите се појави приказна за еден земјоделец кој тврдеше дека лажел за Фјури и неговиот братучед Хјуги по падот на допинг тестот во 2015 година, УКАД им испрати писмо до адвокатите на Фјури.
Фармерот изјави дека на боксерите им доставувал месо од дивата свиња кое предизвикало позитивен резултат на надролон.
Фјури беше казнет со двегодишна суспензија ретроактивно, а доколку се утврди дека намерно лажел, може да се следи ново обвинение кое носи потенцијална суспензија дури 8 години.
Суспензијата немаше голем ефект врз обајцата, бидејќи Тајсон не боксираше во овој период, додека Хјуи продолжи да се бори.
Прашањето е дали УКАД сака да го продолжи случајот бидејќи трошоците во првиот случај со Фјури ги доведе до банкрот и постои опасност тие да бидат затворени во случај на контра-барање.
Хјури Фјури сè уште боксува со лиценца BBBoК, додека новата истрага би имала мал ефект врз Тајсон.
Фјури долго време е во затегнати односи со BBBoК. Казнет е со 3.000 фунти за коментар на Твитер за Дејвид Прајс, а потоа и 15.000 фунти една година подоцна по испадот на прес-конференција.
Тајсон се најде на удар на јавноста, откако ја освои титулата светски шампион, заради изјавите за хомосекусалците, жените и Евреите.
Сето тоа е заборавено по неговото враќање при што приказната ја базираше на борбата против депресијата и зависноста.
BBBoК е поврзан со УКАД и со сите четири големи федерации и неговите одлуки би можеле да ги прифатат федерациите.
Но, BBBoК не може да го суспендира бидејќи ја нема неговата лиценца, а прашање е колку тоа ќе ја интересира Спортската комисија на Невада, бидејќи случајот се случил пет години пред да побара лиценца од нив.
Но, тоа би можело да го спречи повторно да боксира во Велика Британија, што ќе влијае на можната борба со домашниот ривал Ентони Џошуа.