Некогашниот светски првак во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, го пофали Ентони Џошуа за тактиката и победата над Енди Руиз на неодамнешната борба во Саудиска Арабија.
„Браво за Еј Џеј. Тој надмудри боксер од кој минатиот пат беше нокаутиран. Изгледаше фантстично, покажа голема смелост. Слушнав многу критики од фановите, но најважна беше победата, не е важно дали била убедлива или тесна. Победа си е победа. Претпочитам да бегам и да победам, отколку да загубам во атрактивна битка“, рече Фјури.
Фјури смета дека неговата претходна битка со Донте Вајлдер била најинтересна во неговата кариера и дека во блиска иднина нема да има таков двобој. На 22 февруари, тие повторно ќе си ги вкрстат ракавиците.