Британскиот боксер Тајсон Фјури на социјалните мрежи објави ново видео во кое ја потврди борбата со Украинецот Александар Усик.
„Здраво на сите, колку и да ги тероризирам Усик и неговиот тим во последните три дена, утре ќе одам во тренинг камп и целосно ќе исчезнам од социјалните мрежи, како што правев порано.
View this post on Instagram
Еден од членовите на мојот тим ќе ја одржува мојата страница на Инстаграм за да ве информираме за моите тренинзи и се… Дефинитивно датумот е 29 април, па ќе се видиме вечерва“, рече Фјури.
Борбата за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури треба да се одржи на „Вембли“ на 29 април.