Фјури потпишувањето на договорот за борба против Вајлдер го објави со упаѓање во студио: Идиоту, ќе бидеш казнет! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури потврди следниот меч е против Деонтеј Вајлдер на кој тој ќе го брани шампионскиот појас на ВБЦ. Борбата ќе се одржи на 24 јули во Лас Вегас. За време на емитување на боксерски настан во саботата, во кој Џош Тејлор го победи Хозе Рамирез и стана апсолутен светски шампион, Карлот на Ромите упадна во студиото на ЕСПН и ја објави веста:

„Само што потпишав договор за борба против Дионтеј Вајлдер. Еј, ќе те нокаутирам“!

Кога беше објавена веста дека Вајлдер има судска одлука што му дава можност да се бори против Фјури, многумина сметаа дека тимот на Фјури може да му плати на американскиот борец да се повлече. Се зборуваше за 20 милиони долари кои Вајлдер ќе ги добие за повлекување и ќе овозможи меч за обединување на титулите меѓу Џошуа и Фјури.

„Ќе му платам со ќотек. Ова е неговиот последен напад. Ги имам неговото срце, душа и магија, го имам секој дел од Дионтеј Вајлдер во џебот. Го носев со мене последните 18 месеци“, рече Тајсон Фјури и продолжи:

„Идиоту, ќе бидеш казнет! Во последната борба го разбив и го распарчив на парчиња. Тој им кажува на луѓето дека му го скршив черепот, го повредив рамото,… и сака повторно да се бори со мене. Или е тотално луд или морон што сака да биде казнет“.

Се разбира, Кралот на Ромите мораше да го спомене Ентони Џошуа.

„Џошуа вели дека зборувам многу, но без мене немаше да има бокс. Јас сум единствениот што остана жив во овој спорт. Нашата борба ќе биде годинава. Штом ќе се ослободам од Дионтеј Вајлдер. Кога ќе го нокаутирам, ќе се позанимавам и со оној другиот“, заклучи Тајсон Фјури.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON