Фјури: По борбата со Чисора ќе се опивам, можеби ќе се откажам и од боксот

Непоразениот британски боксер, актуелниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, зборува за своите планови по трилогијата со сонародникот Дерек Чисора.

„По борбата со Чисора, воопшто нема да се грижам за претстојниот Божиќ. Ќе се опивам секој ден, ќе се забавувам со семејството и ќе јадам нездрава храна.

Ќе го трошам времето и ќе се забавувам како што обично прават луѓето. Сакам да уживам во моите достигнувања. И тогаш, кој знае, можеби повторно ќе ја завршам кариерата“, изјави Фјури во интервју за The MMA Hour.

Третата борба меѓу Дерек Чисора и Тајсон Фјури ќе се одржи на 3 декември во Лондон. Во нивната прва борба во 2011 година Фјури победи со едногласна одлука, а три години подоцна Тајсон извојува брза победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON