Фјури отиде во Единбург, за да го бара Дру Мекинтајр (ВИДЕО)

Тајсон Фјури отишол во родниот град на Дру Мекинтајр да го бара. Шампионот во тешка категорија на ВБЦ сака нова авантура во кечерството додека ја чека трилогијата со Дионтеј Вајлдер. Фјури е насочен кон Мекинтајр, шампион во тешка категорија на ВВЕ/WWE. Минатата година, Тајсон дебитираше во ВВЕ и заработи 15 милиони долари за неколку настапи.

Очигледно лесните пари го привлекуваат и Фјури сака да го сподели рингот со Мекинтајр, кој го предупреди дека нема да го поштеди. На социјалните мрежи, Фјури објави видео во кое шета по улиците на Единбург.

„Јас сум тука. Ова е видео со кое сакам да го предизвикам Дру Мекинтајр. Кралот на Ромите е тука во Единбург и ве бара. Дру, каде си? Те барав цел ден. Одев насекаде.

Очигледно ми се криеш. Излези и бори се со мене како човек. Јас сум во твојот роден град, а тебе те нема. Штета. Кажете им на твоите луѓе да контактираат со моите и да организираме борба“, му порача Фјури од Единбург.

https://www.instagram.com/p/CE4eIgSJps5/?utm_source=ig_web_copy_link

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON