Тајсон Фјури не сака премногу да размислува за борба за неоспорен светски шампион во тешка категорија со Ентони Џошуа.
31-годишниот Британец е свесен дека прво мора за прв пат да го брани појасот на ВБЦ во третата пресметка со Дионтеј Вајлдер. ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот Џошуа ќе се соочи со задолжителниот предизвикувач Кубрат Пулев.
„Ако Вајлдер ме нокаутира, тогаш нема да има борба, така?” изјави тој за Скај спорт.
„Имам уште една борба со Вајлдер и така натаму. Ако изгуби од Пулев… Толку блиску, а толку далеку. Во тешкашкиот бокс, не смеете да ги броите пилињата пред да се изведат. Така што одиме борба по борба. Победа по победа“.
„Сè оди добро и ако даде Бог ќе има голема борба меѓу мене и Џошуа. Во големиот британски судир да им дадам на навивачите она што го сакаат. Мислам дека тоа ќе биде најголемата борба од онаа на Ленокс Луис и Френк Бруно. Тоа беше одамна во Паркот Армас во Кардиф“.