Тајсон Фjuри се исклучи од листата „Спортист на годината“ на Велика Британија, која се организира од Би Би Си. Новиот светски шампион во бокс во тешка категорија има сериозна конкуренција во лицето на светската шампионка во атлетика Џесика Енис и херојот на „Дејвис купот“, Енди Мареј.
„Никогаш нема да ја освојам оваа награда, затоа нема смисла да мислам за неа. Нема да ми дозволат да победам, бидејќи премногу сум занесен и доста контроверзен. Никогаш не жалам за моите зборови. Јас сум човек на честа и држам до нив“, рече Фјури.
https://youtu.be/_KXiXkQloFA