Фјури не се враќа во рингот: Имам убава жена, шест деца и сè што ми треба

Се чини дека и дефинитивно саботниот спектакл на “Вембли“ во Лондон пред 100.000 гледачи беше последната боксерска борба на “Кралот на Циганите“. Победата над Дилијан Вајт му овозможи на Тајсон Фјури и дефинитивно непобеден да замине во пензија. Нешто што досега, во тешка категорија му успеало само на Роки Марчијано.

„Не, не се враќам на боксот. Ова за мене беше последна борба. Ги нема тие пари кои ќе ме вратат во рингот. Имам убава жена, пест деца, имам доволно пари, доста е. Што повеќе да посакам? Боксот е опасен спорт. Сега е време за мене и моето семејство“ истакна светскиот првак во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON