Тајсон Фјури не ја прифати фрлената ракавица од поранешниот светски шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј. Двајцата имаат сериозна историја. Нивниот меч два пати беше одложувано поради повреда на Хеј, кој го оперираше рамото и најави враќање во наредната година.
„Попрво би направил доброволна одбрана на титулата против мојот братучед Хјуи Фјури отколку да се борам со Дејвид Хеј. Хјуи ќе ми даде многу посериозен отпор“,- коментира можноста Тајсон Фјури.