Тајсон Фјури со нова сензационална изјава дека борбата против Дилиеан Вајт во сабота ќе биде неговиот последен меч. ВБЦ шампионот во тешка категорија на последаната пресметка на „Вембли“, барем како што вели тој, се очекува да го гледаат рекордни 94.000 гледачи.
Фјури во британската пресметка го брани ВБЦ појасот кој го освои по победата во трилогијата против Дионтеј Вајлдер, и иако многу боксерски фанови сакаат поинаков британски меч против Ентони Џошуа, 34-годишниот „Џипси кинг“ вели дека е време да се стави крај на 14-годишната кариера.
„Тоа е тоа! Да се стигне до добра победа во сабота навечер, да се опуштам и да уживам во животот. И уживам во секоја секунда. Ова беше долг пат, со многу работи во мојата кариера. Блиску сум до 34, 20 години како боксер, тоа е доволно за сите. Има доволно други работи кои би сакал да ги правам – да се грижам за децата и сопругата и да уживам со нив“, вели Фјури.
Фјури има 31-1-0 скор во својата кариера и 22 нокаути, и со победа би ставил крај на кариерата како непоразен шампион.