Тајсон Фјури може да изгуби еден од појасите, кој ги доби по победата над Владимир Кличко. Станува збор за титулата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ).
Во моментов, кандидат за титулата е Вјачеслав Гласков (Украина), кој беше споменуван за следен противник на Кличко при успех над Британецот. Плановите се отежнаа поради поразот на 39-годишниот ветеран.
Промоторот на Гласков од „Мејн ивентс“ ја притисна многу сериозно Меѓународната боксерска федерација да донесе одлука и да му даде шанса на официјалниот кандидат да се бори за круната.
Фјури е должен да има реванш со Кличко. Тоа ќе се случи најрано напролет, што значи дека Гласков ќе треба да чека минимум до јули, за да може да се бори за трофејот.