Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во верзиите IBO / WBO / WBA, Тајсон Фјури кажа зошто го избрал боксот за своја професија и зошто му го посветил животот.
„Јас не се борам за пари, не се борам за слава и не се борам, за да ме величаат. Се боксирам бидејќи ми се допаѓа. Сакам да ме удираат во лицето, ми се допаѓа да го почувствувам вкусот на крвта, сакам да нанесувам болка на луѓето! Звучи лудо, нели? За мене да се борам – значи да живеам! Јас не можам да постојам ако не боксирам“, изјави Тајсон Фјури.