Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури е подготвен повторно да стигне до врвот во категоријата, особено ако неговиот сонародник Ентони Џошуа остане шампион по дуелот со Владимир Кличко на 29 април во Лондон.
Двајцата Британци повторно си разменија остри зборови откако Фјури го нарече Џошуа бледа копија на Френк Бруно, додека AЏ го нарече “дебел”.
Еве што уште рече Ентони Џошуа: „Тоа е типично за Тајсон Фјури. Секогаш започнува да зборува глупости кога наближува времето за некој меч. Му ја предчуствувам истата намера, како и минатиот пат – два билети крај рингот за да ја гледа средбата. Но да не води плус уште еден, бидејќи и двата билети се за него, за да може си го смести големиот газ“.
Секако, и Тајсон Фјури нема навика да молчи, па се довери: „Може и да сум дебел, но ти си шампион на хартија. Само еден фитнесџија со хартиена брадичка кој сака да биде лошото момче. Треба да си го знаеш местото кретену! Или ќе се вратам во рингот и ќе те нокаутирам“.
За крај Џошуа рече: „Молчи и дај ми датум кога ќе се вратиш! Единствената причина поради која се уште не сме се бореле, си самиот ти! Јас не одам никаде“.