Фјури: Ќе се борам со Џошуа, па ако и двајцата имаме по 50 години

Љубителите на боксот со години копнееја за британска пресметка меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, но таа борба никогаш не се случи.

И уште пред неколку недели имаше план Еј Џеј и Кралот на Ромите да се сретнат следната година во голем меч за апсолутен светски шампион, но и двајцата требаше да победат на следниот меч.

Даниел Дубоа пред две недели во петтата рунда го нокаутира Џошуа и го одбрани појасот светски шампион на ИБФ, а доби можност да се бори против подобриот од мечот меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.

По поразот Џошуа повторно треба да најде пат до врвот, а неговиот промотор Еди Херн најави реванш против Дубоа, но не ја криеше можноста неговиот боксер следната година да се бори со Фјури.

Во едно неодамнешно интервју Тајсон Фјури изјави дека фановите во одреден момент ќе добијат мега пресметка меѓу него и Џошуа.

„Џошуа знае дека ќе се бориме, макар и двајцата да имаме 50 години. Јас и тој мора да се бориме“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Нема спас. Еј Џеј не може да ми побегне. Би го распродале Вембли и како 50-годишници“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON