Фјури: Ќе се борам со Џошуа бесплатно, нема проблем

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, повторно проговори за можна борба со сонародникот Ентони Џошуа.

„Ќе се борам со Џошуа бесплатно, нема проблем. Парите веќе не се релевантни. И онака не можете да ги однесете во гроб. И по 50 животи нема да можам да потрошам се што сум заработил. Сè уште сум истиот Тајсон кој носи бесплатна маица и бесплатен костум“, изјави Фјури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

„Џипси Кинг“ беше блиску до меч со Џошуа претходно овој месец, но разговорите за брзо време пропаднаа во последен момент и, барем засега, битката за Британија е одложена.

Наместо Џошуа, Фјури третпат се соочи со Дерек Чисора и третпат го победи. Се очекува во првата половина на 2023 година да се соочи со Александар Усик во борба за апсолутен шампион во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON