Фјури: Ќе го уништам Џошуа

Тајсон Фјури, светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, за медиумите изјави дека Ентони Џошуа, кој ги има појасите на ВБА (Супер), ВБО, ИБФ и ИБО, нема да преживее половина од рундите во случај на нивна пресметка, која би била за обединување на титулите во тешка категорија.

„Еј Џеј не може да испуши цигара, а камоли да пуши. Тој нема храброст да се бори со човек како мене. Му реков на Еди Херн: Разликата меѓу мене и него е што тој е бизнисмен, а јас сум ебен Спартанец. И ќе му го покажам тоа кога ќе влезам во рингот“, изјави Фјури за Скај спорт.

„Целосно ќе го уништам овој бодибилдер. Нема да направи шест рунди. Се ќе заврши брзо. Затоа Еди Херн беше околу мене во последните 10 години“, заклучи Ромскиот крал.

Потсетуваме, „Ромскиот крал“ ќе се сретне со Дионтеј Вајлдер на 9 октомври во „Т-Мобиле арена“ во Лас Вегас во трилошки меч, со што ќе се стави крај на жестокото ривалство меѓу нив.

Џошуа, пак, ќе се сретне со Александар Усик. Тие ќе се соочат на 25 септември, во судирот на двајца олимписки шампиони. Мечот ќе се одржи на стадионот на фудбалскиот клуб Тотенхем.

Во меѓувреме, Џон Фјури потврди дека датумот на борбата меѓу двајцата боксерски титани – Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, се очекува да биде закажан за декември 2021 година, доколку во октомври Фјури го победи Дионтеј Вајлдер. Коефициентите кај повеќето онлајн обложувалници како што е Bwin покажуваат токму таков развој на средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON