Фјури ќе добие 80 отсто од приходите во евентуалниот меч со Вајт

Светскиот боксерски совет ги исполни желбите на својот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури и неговите промотери. „Кралот на Ромите“ ќе инкасира 80 отсто од приходите остварени од евентуалната задолжителна заштита против сонародникот Дилиен Вајт.

Веста ја соопшти лично претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман.

Пред неколку недели, Боб Арум им понуди на Вајт и Еди Херн договор од 5,5 милиони долари, што е еквивалентно на 25 отсто од благајните. Сепак, понудата беше одбиена од Мечрум бокс и Вајт, па сега ќе мора да се задоволат со уште помалку.

Секако, двете страни треба да се договорат, а во моментов тоа изгледа далеку од сигурно. Инаку, ВБЦ одреди датум за тендер за правата за организација на натпреварот – 11 јануари.

80/20 е многу над вообичаената распределба на пари, особено кога станува збор за меч меѓу шампионот и привремениот. Износите најчесто се распределуваат 60/40 и 55/45, но во овој случај се земаат предвид остварените приходи од последните три средби на двајцата.

Во последните три меча Фјури ги победи Дионтеј Вајлдер (x2) и Ото Валин, додека Вајт ги победи Мариуш Вах и Александар Поветкин, претрпувајќи тежок пораз од Русинот.

Во реалноста, би било чудо доколку Вајт и неговиот тим се согласат на таков договор, со оглед на неговите првични барања од 10 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON