Поранешниот европски шампион во тешка категорија, Англичанецот Тајсон Фјури (27 г.) вети дека ќе го нокаутира светскиот шампион, Владимир Кличко (39 г.), некаде во средината на средбата.
„Убеден сум дека ќе ја освојам титулата, како што се будам секое утро и си ги врзувам чевлите. Тоа ќе биде брз и лесен нокаут. Ќе го испратам во нокаут во шестата рунда“.
Борбата меѓу Кличко и Фјури е вечерва во Дизелдорф, Германија.