Фјури ја откажа борбата со Кличко поради повреда или…

Klicko-Fjuri soocuvanje vo sivo

Средбата меѓу Владимир Кличко  и Тајсон Фјури е одложена. Кличко ќе мора да почека за да се обиде да си го врати епитетот светски првак во тешка категорија.

Оваа борба требаше да се одржи на 9 јули во Манчестер, двајцата боксери во изминатиот период упатуваа „отровни стрели“ еден кон друг, за денеска се да падне во вода откако Фјури обелодени дека поради повреда е принуден да го откаже дуелот.

Имам лоши вести за вас. Пред десет дена трчав покрај езеро и си го шинав зглобот. Иако не станува збор за скршеница, повредата не е наивна и ќе морам да паузирам најмалку шест седмици. Ова значи дека претстојната борба дефинитивно е откажана“ – порача Фјури преку својот инстаграм профил.

Дали навистина е така или Фјури му враќа психолошки заем на Кличко за првата средба?!

Кличко беше без пораз уште од 2004 година се додека не капитулираше во пресметката со Фјури, па Украинецот не крие дека е крајно мотивиран да се врати на тронот на светскиот бокс. Сепак, тоа нема да се случи на 9 јули, а новиот датум за борбата меѓу големите ривали ќе биде дополнително обелоденет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON