Две недели пред борбата со Дилиен Вајт, светскиот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури, направи изненадувачки потег. „Кралот на Ромите“ му ја покажа вратата на еден од соборците.
На 23 април ќе ја брани круната против „Крадецот на трупови“, а битката на стадионот Вембли се очекува да има близу 94 илјади гледачи. Ова ќе биде своевидно враќање на Фјури на Островот каде што не боксирал 4 години.
Иако има уште малку време до мечот, Фјури реши да смени еден од своите борци. Тој му ја покажа вратата на Џејкоб Дуран-Стич. Специјалистот во тимот на Тајсон беше донесен од тренерот Шугар Хил Стјуард, но сега нема да биде во аголот на Тајсон.
Наместо тоа, шампионот реши да се потпре на ветеранот Френк Хопкинс. 76-годишниот стручњак има работено како тренер на преку 30 натпревари за светската титула. Најверојатно, рокадата не е толку заради Фјури колку за неговиот промотор Френк Ворен. Тој долго време работи со Хопкинс.
„Овој меч е огромен, навистина неверојатна можност за мене. Мило ми е што сум дел од него. Не можам да чекам. Никој не би видел такво нешто“, изјави самиот Френк потврдувајќи ја веста.