Тајсон Фјури (28-0-1, 20 КО) овој викенд во Вегас боксира со непоразениот Швеѓанец Отин Валин (20-0-1НЦ, 13 КО).
Тоа му е втора борба по договорот со Топ ранг и Шоутајм во вредност од 100 милиони долари.
31-годишниот Британец е голем фаворит во тој меч кој води до реванш со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер. „Бронзениот бомбардер“ неодамна изјави дека очекува Фјури да се откаже од реваншот со него доколку му се пружи шанса да се бори за неоспорниот шампион во тешка категорија со победникот од реваншот меѓу Енди Руиз и Ентони Џошуа.
„Ја слушнав изјавата на Вајлдер во која вели дека сака да ми плати за да му дозволам да се бори против победникот од реваншот меѓу Руиз и Џошуа. Не би се согласил на тоа ни за 50 милиони долари, затоа што тоа не значи толку многу. Мене ме интересира само победата и да бидам победник.Вистина е дека Вајлдер не сака да се бори со мене. Не можеше да ме победи кога три години бев надвор од рингот и не можеше да ме совлада откако два пати ме рушеше. Така, сега нема шанси да ме победи“.
„Не ми е грижа и да има 104 појаси. Појасите се убаво нешто што мора да ги имате, да ги држите, да ги освоите. Но, тука е веќе се работи за мене и Дионтеј Вајлдер. Сакам да го победам. Дионтеј „Бронзен сератор“ е бескорисен и тој го знае тоа. Тој ми нуди да се потргнам, затоа што се плаши од „Карлот на Ромите“. Не ми е грижа што велат Вајлдер или којбило друг од тие клошари. Може да ме ебат, може да ме мразат или можеби ќе сакаат да излезат со мене. Како и да е, тие сакаат да бидат јас“.
Фјури исто така верува дека веќе сме го виделе најдоброто од Ентони Џошуа и го советува дека ако повторно изгуби од Мексиканецот да замине во предвремена пензија.
„Ако не можете да го победите Енди Руиз, тогаш не и можете ништо и ниту на Тајсон Фјури, ниту на Дионтеј Вајлдер. Или којбило друг пристоен тешкаш во светот. Ако не успее да го победи Руиз во реваншот, тој е готов. Готов, лека ноќ, бај бај. Ако не може да го победи Руиз во реваншот, едноставно, би требало да се пензионира. Нека заборави на сè и нека се откаже и да си даде отказ како на лоша работа“.
„Направи добра работа, заработи некоја фунта, ја освои светската титула и сè што оди со тоа, така што секоја чест за него“.
Фјури беше запрашан и за пристигнувањето на поранешниот крал во леснотешка категорија, Александр Усик во тешка категорија. Украинецот ќе дебитира во нова тежина во октомври со Тајрон Спонг.
„Искрено, не знам што да кажам за тоа. Боксерска сцена … Искрено, мака ми е од неа, мака ми е од боксот. Енди Руиз, Дионтеј Вајлдер, Ентони Џошуа, Александр Усик итн. Ебате ме ако уште 10 не ги ископаат од некаде. Толку се, но дали тоа е навистина важно? Сите тие се за к.р и сите ќе завршат заебани“.
„Не размислувам многу за Усик. Искрено, никогаш не влегол во мојата бранова должина. Никогаш. Тој не е некој за кого размислувам. Веројатно би можел да го победам со една рака врзана зад грбот и уште ќе му дада да бира со која рака сака. Во секој случај, ќе оди на спиеење“.