Фјури: Хуманитарна работа е многу поважна од достигнувањата во боксот!

Тајсон Фјури изјави дека неговата хуманитарна работа е многу поважна од достигнувањата во боксот. Триесетгодишниот Фјури кој се бореше со душевни болести, дрога и алкохол, се до враќањето во рингот во 2018 година.

Тој вели дека доаѓале луѓе од сите краеви на земјата во Англија за да разговараат со него. Тој исто така организираше и митинзи на кои зборуваше за тоа како луѓето да ги надминат пороците и душевните болести.

„Нема да поверувате на колку многу луѓе им помогнав. Навистина се чувствувам посебно кога некој ќе ми каже дека сум успеал да му помогнам на него и на неговата фамилија. Одлично е чувството кога ќе му помогнам на некој, тоа е подобро отколку моите достигнувања во боксот“, изјави Фјури.

Фјури помина две ипол години надвор од рингот по победата над Владимир Кличко во 2015 година кога воедно го освои ИБФ, ВБО и ВБА појасот. Неговата наредна борба би можела да биде во октомври во Њујорк, а меч против Дионтеј Вајлдер се очекува да има на 22 февруари наредната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON