Фјури го потврди реваншот со Кличко

Fjuri-Klocko dvoen udar

Реванш средбата за светската титула во бокс во тешка категорија во верзиите на ВБА, ВБО и ИБО меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко ќе се одржи на 29 октомври во Манчестер, потврди Фјури на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

„Немам стрпление“, напиша Фјури на социјалната мрежа.

Првично дуелот беше планиран за 9 јули, но беше одложен поради повреда на глуждот на Англичанецот.

Фјури го победи Кличко со едногласна судиска одлука во 12 рунди на  мечот на 28 ноември минатата година во Дизелдорф и ги освои шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ, титула која подоцна му беше одземена поради избегнување да ја брано против задолжителниот предизвикувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО