Дамите на УФЦ: Момци, не ни праќајте слики од пенисите!

UFc zenska

Случајно или не, но многу од дамите кои имаат договор со УФЦ, се благо речено убави. Како што можете и да погодите, сето тоа доведува и до претпазливост од машка гледна точка спрема нив.

Клаудија Гаделја откри дека многу често добива пораки од различни мажи, а голем дел од нив не се особено џентлменски, дури напротив.

„Никогаш не ми се случило некој фан да се проба со мене во живо, но на социјалните мрежи тоа постојано се случува. Примам пораки не само од навивачите, но и од многу перверзници. Некои од нив ми праќаат и слики на онаа работа. Некои момци навистина ме загрижуваат. Постојано се случува. Откако сум борец, ништо не се случило, а се надевам дека нема да се случи и во иднина. Тогаш можеби ќе треба да удрам некого во лице“.

Поранешната претендентка за титулата во перо категоријата, Бет Кореија, се приклучи на својата колешка, споделувајќи ги впечатоците:

„Еднаш еден маж на мотоцикл ми ги покажа гениталиите. Сум била во сложени ситуации, но повеќе се храбри онлајн отколку во живо. Се надевам дека ќе остане така. Знам како да се бранам и не би се двоумела да ги користам вештините. Можеби би скршила раката на некого или би го задушила“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО