Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фjури, го поддржа новиот претседател на САД Доналд Трамп. Боксерот застана зад ексцентричниот богаташ, кој ја победи Хилари Клинтон, и посочи дека размислува да влезе во политиката.
Фјури го искористи профилот на една од социјалните мрежи, каде што напиша: „Големата Америка направи голема промена со Трамп. Време е и за Велика Британија“.
28-годишниот Фјури ја поддржува функцијата и со уште неколку зборови, алудирајќи на неговите политички амбиции:
„Кој знае? Тајсон Фјури премиер. Наскоро. Ако Доналд Трамп може, можам и јас“.
Потсетуваме дека изборот на Трамп за претседател на САД предизвика многу поларни емоции. Спортскиот свет не беше одминат од влијанието, а непосредно по прогласување на победата на Трамп, беше јасно дека голем дел од поранешните ѕвезди на НБА не стојат зад неговата кандидатура. Истовремено ѕвездата на женскиот национален тим на САД во фудбал, Дојди Масари, категорично изјави дека нема да се врати во својата земја, додека Трамп е во Белата куќа.