Светскиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури, продолжува со скандалозните коментари на адреса на Владимир Кличко, овој пат го нарече украинскиот боксер „бисексуалец“.
Британецот, често пушта скандалозни изјави на социјалната мрежа Твитер.
„За оние кои не знаат, можам да потврдам дека Владимир е бисексуалец. Тој паѓа и на двата пола“, е последната изјава на Фјури, кој го симна Кличко од тронот со победа на поени на крајот на ноември минатата година, а на 9 јули претстои долго очекуваниот реванш, што ќе се одржи во Манчестер.
Помалиот од браќата Кличко е оженет за американската актерка Хајден Пенетир, а имаат едно дете.