Поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, убедливо загуби од Џозеф Паркер со едногласна одлука на судиите на крајот на минатата година.
И, ако Бронзениот бомбардер ја добиеше таа борба, веројатно ќе добиеше меч против Ентони Џошуа, кој го победи Ото Валин на истиот настан во Ријад.
Борбата меѓу Џошуа и Вајлдер беше откажана, а Еј Џеј веднаш договори борба против Френсис Нгану, кој денеска ќе го предводи големиот боксерски настан во Саудиска Арабија.
По поразот Бронзениот бомбардер имаше одредени сомнежи за неговото враќање, но неговата менаџерка Ширли Финкел и тренерот Малик Скот тврдат дека Дионтеј се враќа во рингот.
Неодамна лутиот противник на Вајлдер Тајсон Фјури изјави дека Бронзениот бомбардер се враќа на борбите.
„Може да се врати и мислам дека ќе продолжи да се бори. А знам дека сака, но не смее да каже кога и кој ќе му биде противник. Ќе биде голема борба“, изјави Тајсон Фјури во изјава за Фајтхаб ТВ.