Повеќе или помалку секоја голема борба си има своја драма.
Поради тоа, се појавија гласини дека борбата за титулата на ВБЦ меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури нема да се одржи кон крајот на годината.
По победата на Фјури против Франческо Панета во Белфаст, Вајлдер влезе во рингот и го најави мечот за титулата светски шампион со Британецот. Промоторот на Фјури, Френк Ворен рече дека датумот ќе биде објавен во наредната недела, а кога не се случи тоа, започнаа гласините.
„Кралот на Циганите“ ги негираше преку социјалните мрежи.
„Ги читам и слушам некои гласини за откажување на борбата меѓу мене и Вајлдер. Не дека ми е гајле. Јас не откажувам ништо. Тајсон Фјури како крал доаѓа во Америка“
„Си зедов малку повеќе од потребниот одмор по деветмесечените подготовки, но продолжувам со тренинзите на 1 септември. Тоа ми остава девет до десет недели да се подготвам. Веќе сум фит и подготвен, не мора да симнувам килограми“.
„Доаѓам по појасот на Вајлдер. Навистина верувам дека кога вашето време ви е дојдено дека тоа ви е судено. Чичко ми секогаш вели: Ако знаеш да се бориш знаеш да се бориш, но ако не знаеш, не го прави тоа. Јас знам да се борам и тоа ќе го докажам во борбата со најопасниот тешкаш на негов терен“.
БоксРец, која од 2016 година е признаен од страна на Здружението на бокс комисиите како официјален сајт за резултати и показатели, Вајлдер го има на второто место нанивната ранг-листа, зад Џошуа. Следат Александар Поветкин, Тони Белју и Фјури.
Индепендет ворлд боксинг ранкингс го има Џошуа на првото место, Поветкин второто, Вајлдер на третото, Дилиен Вајт на четвртото и Фјури на петото место.
Магазинот Ринг кој во февруари му ја одзеде титулата на Фјури поради долгата неактивност, исто така на прво место на ранг- листата го има Џошуа. Следат Вајлдер, Поветкин, Ортиз, Вајт, Паркер и Фјури.
Фјури, објави дека неговата сопруга е бремена и дека чека пето дете.
https://twitter.com/asgartair/status/1034014657944711169?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1034014657944711169&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fnews%2Ffury-glasine-o-otkazivanju-borbe-s-wilderom-su-netocne%2F21950.aspx
.