Фјури е подготвен да му помогне на Вајлдер за проблемите со психичката состојба

Шампионот во тешка категорија Тајсон Фјури продолжува да верува дека неговиот противник Дионтеј Вајлдер има проблеми со менталното здравје.

Тие се бореа на почетокот на годината и Фјури го победи со нокаут во 7-та рунда. Тајсон му ја одзеде титулата на ВБЦ, како и статусот на Вајлдер без пораз.

„Бронзениот бомбрадер“ долго време молчеше, но неодамна проговори и рече дека Фјури е крадец кој нешто ставил во неговата ракавица. Требаше да видиме трета борба меѓу нив следниот месец, но од седиштето на Фјури тврдат дека Вајлдер го пропуштил крајниот рок за активирање на клаузулата за реванш.

Тајсон неодамна изјави дека Вајлдер полудел и сега е подготвен да му помогне во проблемите со менталното здравје, како што ги имаше Фјури во минатото.

„Што се однесува до борбата со Вајлдер, мислам дека сега тој има други проблеми освен боксот. Многу сум загрижен за менталната состојба на Дионтеј. Помина многу време од нашата битка. Беше во февруари оваа година.

Сите сакаме да бидеме поразени по толку време во професионалниот бокс без пораз. Мора да има време да се прифати попразот и да се продолжи понатаму. Вајлдер изгледа не е во можност да го стори тоа. Сè уште е злобен и наоѓа најразлични изговори.

Прилично сум загрижен за неговата ментална состојба по овој пораз. Јас сум на еден телефонски повик од него. Ќе му го дадам најдобриот можен совет. Битката влијаеше на неговата состојба. Да, планирам да се борам на 5 декември.

Не сум сигурен дали ќе има публика или не. Ако тоа биде зад затворени врати, тогаш тоа ќе биде зад затворени врати. Се надевам дека ќе се борам на 5 декември овде во Велика Британија за прв пат по 30 месеци“, изјави Фјури во интервју.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON