Тајсон Фјури не е задоволен од коментарите на неговиот противник Дионтеј Вајлдер, кој тврди дека Фјури се плаши од борба против него. Поранешниот шампион во тешка категорија ипрвакот на ВБЦ во тешка категорија се сретнаа во рингот во декември 2018 година во Калифорнија, каде Фјури доминираше, но двапати падна во нокаунд и судиите донесоа за нерешен резултат.
Оваа одлука не задоволи ниту една страна, а навивачите се согласија за реванш. Нивната втора средба се очекува да се одржи кон крајот на февруари 2020 година. Фјури во последно време беше прилично зафатен со неговите настапи во WWE, а Вајлдер е подготвен да ја брани титулата против Луис Ортиз на крајот на месецот. Преку Инстаграм Фјури реши да му испрати порака на Вајлдер и вети дека ќе го смачка во втората битка.
„Оваа порака е до Дионтеј Вајлдер, кој вели дека не сакам да се борам со него. Многу сум уплашен од него. Ако бев исплашен, тогаш немаше да се борам против тебе и да те победам во твојата земја. Требаше да ме ограбат и да пресудат нерешено.
Не знам зошто мислиш дека сум исплашен од тебе. Подготвувај се твојатаа битка и си ја завршил работата. Престани да го искористуваш моето име, за да се зборува за тебе. Треба да земеш 20 отсто од нашата борба, но јас ќе ти дадам еднаков дел, затоа што сум правичен.
Во овој свет, не се молам за ништо и напорно работев за сè што имам. Вајлдер, погледни си ја работата и на 22 февруари ќе се сретнеме, за да го завршиме она што го започнав. Овој пат ќе те смачкам. Ти си мизерија“, порача Фјури.