Фјури до Кличко: Ајде да потанцуваме, Робокоп

Klicko Fjuri kezenje

Светскиот шампион во супер тешка категорија, Тајсон Фјури, му одговори на Владимир Кличко, кој му се закани дека на 9 јули ќе надомести се за поразот од Британецот во ноември. „Цигански воин“ не пропушти повторно да ја актуелизира темата за мускулите на Украинецот, нарекувајќи го „Робокоп“.

„Ајде да потанцуваме, Робокоп! „Слатката наука“ не е пумпање на мускули. Јас сум маѓепсникот на боксот, а не учесник во трката за најубаво тело“, изјави Фјури.

Британецот призна дека повторно има вишок на килограми и дека сега напроно работи во салата, за да влезе во форма. За првиот меч против Кличко му беше наложено да симне 20 килограми, но тој се справи со тешката задача и потоа го победи светскиот шампион на поени.

Fjuri-to Ceco

Фјури исто така изјави дека по победата над Владимир изгубил мотивација да се бори.

„Јас ја обезбедив мојата иднина. Дури и да не излезам повеќе на рингот, јас можам да не работам до крајот на животот. Затоа сега работам за иднината на моите внуци и правнуци. Го победив хегемонот во категоријата, затоа повеќе немам мотивација. Ги постигнав сите свои цели во боксот и се борам исклучиво за пари. Сега ќе потренирам неколку недели и, ако се чувствувам добро, ќе продолжам. Ако не, ќе ставам крај на кариерата“, изјави Фјури во интервју за Скај спортс.

https://youtu.be/gjwckDuZ3ds

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON