Фјури: Ако Вајлдер не сака реванш, не сака. Не сум јас тој кој треба да се извинува

Иако борбата сé уште не е договорена, Тајсон Фјури ги почна подготовките за реваншот со Дионтеј Вајлдер.

Возбудливата прва борба во декември заврши без победник. Британцот го надбоксира шампионот на ВБЦ, но два пати заврши на подот, во деветата и дванаесетат рунда. Фјури беше импресивен и во тие ситуации, особено во 12-тата рунда кога изгледаше дека нема да успее да одговори на броењето. И покрај тоа што претрпе две нокдауни, повеќето се согласуваат дека „Џипси кинг“ требаше повторно да стане светски шампион во тешка категорија.

Таквата судиска одлука, како и возбудливиот меч, ја отворија вратата за реванш.

„Се надевам дека ќе се борам со Дионтеј Вајлдер во Америка или Англија. Не ми е важно каде. Може да биде во Австралија или на Антарктикот, тоа нема да ми претсатвува проблем. Каде и да е борбата јас ќе одам“, рече Фјури за БТ спорт .

Преговорите за реваншот се во тек, но Фјури од неговиот промотор Френк Ворен побара да имаат и резервна опција.

„Реваншот со Вајлдер зависи од нив. Ако сакаат борба, ќе се одржи. Ако не сакаат, тоа ќе биде голема работа за мене“.

„Тие се оние кои треба да се извинат, а не јас. Јас го направив се што е потребно да се направи. Ја не треба да се извинувам, не ми треба втора шанса за слава. Јас сум вистински (директен) шампион во тешка категорија, не ми треба појас“.

Фјури тој статус го постигна со победата над Владимир Кличко во Дизелдорф во 2015 година.

Вели дека радо би одработил една борба пред реваншот со Вајлдер.

„Би сакал борба на домашен терен во април, било во Манчестер или некаде подалеку во Велика Британија. Потоа би сакал да се борам со Вајлдер. Ако тоа не може, само ќе се борам со Вајлдер. Ако нема борба со Вајлдер, тогаш ќе го одработам борба пред своите навивачи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON