Поранешниот европски шампион, Тајсон Фјури, продолжи со провокативната реторика пред средбата со шампионот во тешка категорија на WBA / WBO / IBF / IBO, Владимир Кличко.
„Ако не успеам да го победам, кој е еден старец според стандардите на боксот, нема да ја продолжам професионалната кариера“.
Борбата меѓу двајцата боксери ќе се одржи на 24 октомври во Дизелдорф, Германија на фудбалскиот стадион „ЕСПРИТ Арена“.