Големиот балкански карате семинар (ГБКС) викендов (9 и 10 февруари) ќе го има своето финале во Ниш, Србија.
Домаќинот, сенсеи Милан Ѓокиќ вели: „Најзначајна боречка активност во Србија во првата половини на годината“.
На ГБКС ќе се покажуваат техники од самоодбрана, карате и карате-до.
Семинарот го предводи познтата тројка сенсеи Тони Петров од Бугарија, Зоран Пејов од Македонија и Милан Ѓокиќ од Србија.
Ѓокиќ најавува учество на 121 каратист од Бугарија, Италија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Грција, Русија и Македонија. Домаќин е Карате до клубот „Ки“ од Ниш.
Ќе се одржи свечена акдемија накоја преку бројки ќе се прикаже активноста на ГБКС, како и свечен академија – јубилеј „Првите 50 години”.
Освен од карате, ќе има клубови и од кендо, аикидо, реалног аикидо, џиу џица, БЏЏ, борење, кик бокс.
Да потсетиме, ова е прв семинар по короната и почна минатата година од Кнеже и Софија, па продолжи во Скопје, а завршницата ќе ја има во Ниш.
„Големиот балкански карате семинар продолжува понатаму и во 2024 година, и тоа во Ниш, Србија, каде што е најавена голема масовност од сите боречки вештини. Ќе се презентираат изворни техники на карате до, спортски варијанти на кумите, како и техники на самоодбрана. Но, ќе бидат откриени и голем број тајни техники коишто досега не беа презентирани“, вели сенсеи Зоран Пејов од Карате центар „Пејов“ и додава:
„Се радувам на големиот одѕив и навистина идејата што ја започнавме пред неколку години (заедничкото сплотување на балканските народи преку призмата на карате до вроди со плод. Се е поголем одѕивот и интересот за Големиот балкански карате до семинар кој прерасна во еден навистина грандиозен настан, а ќе биде посетен не само од балканските земји, туку и пошироко“.
Пејов вели дека инструкторскиот тим секогаш е подготвен и се очекува повторно да блесне во вистинско издание.
„Каратеки од сите држави повелете на овој единствен карате до семинар, Ѓокиќ,Петров и Пејов ве очекуваат“, повика сенсеи Пејов