Финалната борба во категоријата до 75 килограми на Државното карате првенство за сениори меѓу Азиз Исмаил (Металург) и Петар Заборски (Макпетрол) се уште не ги спласнува емоциите и реакциите.
Имено, по Државното првенство КК Макпетрол ја извести македонската спортска јавност за резултатските постигнувања на каратистите од Макпетрол, со забелешка дека се на мислење оти нивниот спортист Петар Заборски е оштетен во финалната борба со Азиз Исмаил.
За да го докажат нивното тврдење испратија видео матријал do Ipon.mk, за да може да го погледнат сите љубители на каратето и дадат свое мислење за спорната ситуација.
„Од видео матријалот секој каратист кој и најмалку ги познава судиските правила ќе може да увиде дали поените се вистински или се тоа промашувања, кои се нотирани и досудени како вистински поени. Со тоа во голема мерка се наруши реалната ситуација за крајниот резултат во оваа финална борба на Државното првенство, кое има критериумски карактер за влез во националната репрезентација на Македонија“, истакна тренерот на Макпетрол Бошко Заборски и додава: „Целта на ова браќање првенствено се однесува на тренерот на КК Металург,Мирче Јанушевски, за да може да се увери во вистинитоста на нашата забелешка, бидејќи неговата изјава „Победата на Азиз е чиста и заслужена“, не принуди да се обратиме до вас“.
.