Филип В’чков од Kлубот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци е спортист на годината за 2015 година. В’чков на Bалканското првентво во кик бокс освои сребрен медал и девет медали од државните првенства, од кои 6 златни, 2 сребрени и еден бронзен.
Наградата за најдобар тренер заврши кај Ивана Аврамова од Карате клубот „Урбан Инвест“. Додека Петар Аврамов доби признаие за најталент во карате, а Владнака Аврамова за најдобра млада каратистка. Данка Стојкова доби признание за талнет во карате.
„Тренер на годината за 2015 година на Кавадарци! Можеби нешто што го поскавував од мојата 21 година, кога го отворив првиот клуб во Штип. Да, денес се оствари! Бев прогласена за најуспешен тренер помеѓу сите тренери во Кавадарци, кои многу ги почитувам. Признанието за мене е многу големо И, и благодарам на сите кои ја донесоа оваа одлука и кои ме подржуваат. Секако, оваа не е само мој успех, оваа е успех на сите нас кој сме дел од КК Урбан инвест. Затоа од се срце им се заблагодарувам на сите оние без кои денес немаше да бидам тоа што сум, а клубот немаше да биде успешен. И благодарам, пред се, на дечките мои од клубот, на Маца, Аце, Џоко, Бети…“, напиша на својот фејсбук профил Ивана Аврамова.
Мики Виденовиќ е најдобар спортски новинар, а посебни признанија за поддршка на кавадаречкиот спорт му беа врачени на градоначалникот Александар Панов, компанијата „Кожувчанка“ и на Петар Ангелов.
Ipon.mk/В.Д.