Филип Божиновски славеше со гушење во првата рунда во Цирих (ВИДЕО)

Битолчанецот Филип Божиновски синоќа на Фајт најт во Устер кај Цирих извојува победа против Рахим Мираједин од Швајцарија.

Божиновски забележа победа со гушење во првата рунда во 4-тата минута со максимална доминација и контрола на борбата.

„Борбата започна одлично. Веќе првиот преден директ заврши во носот на противникот, а по кратко време противникот нападна со влез за рушење, при што нашиот борец одлично се одбрани и дојде во позиција да контролира во норт-саут позиција со заклучка на вратот. Во наредните неколку минути имаше надмудрување во партер имајќи предвид дека Рахим Мираједин е виолетов БЏЏ појас и добар борач, но нашиот борец во ниту еден момент не дозволи да ја изгуби контролата. Во 4-тата минута сработи одлично тејкбек од желка позиција и финишира со давење од позади“, вели тренерот Сашко Мирчевски..

Останатите наши претсавници на овој настан,но во кик бокс, претрпеа порази – Денис Муаремовски и Хадис Рамадани, на кого ова му е прв изгубен меч во ВКУ-Швајцарија.
Еве дел од борбата:

https://www.facebook.com/568027913209479/videos/388672325025437/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО