Борците на Клубот за боречки вештини „Будо“ на завршниот избор на спортист на годината на Кавадарци ја продолжија доминацијата. Минатата година Филип В’чков го доби признанието за спортист на градот, годинава бројните успеси на Филип Ризов на националните и интернационалните турнири и првенства, а последното беше на турнирот во Ниш „К-1 трофеј на Ниш“, сосема заслужено му го донесоа признанието за најдобар спортист на Кавадарци за 2016 година.
Владанка Аврамова ја заокружи успешната година, освојувајќи медали и признанија на турнирите и првенствата и во Македонија и во Балканот, е прогласена за најдобар млад спортист, додека Лазе Мицев кој и годинава успеа да го стави Кавадарци на мапата на светските тениски центри, го доби признанието за најдобар спортски работник.
Фени Индустри со пласманот во четирите најдобри екипи Првата кошаркарска лига и предводењето на репрезентацијата до 20 години, како и одличниот ефект во новата сезона, го промовираа Љупчо Малинков во најдобар тренер, додека кошаркарскиот клуб Фени Индустри во најдобар спортски колектив за изминатата година.
Признанието за најдобар спортски новинар е за Мики Виденовиќ – Јоцо, додека специјално признание за особени достигнувања во спортот во Кавадарци му беше доделно на Горан Самарџиев кој ја заврши кариерата како професионален кошаркар. За спортски настан на годината е прогласена манифестацијата „Алшар – Допри го сонцето“ во организација на Тиквешки Точакџии, а за најдобар интернационалец Даниел Мојсов.
Од екипните спортови, Александар Ангелков е прогласен за најдобар фудбалер, Марјан Велков со најдобар ракометар, Милан Милков за најдобар кошаркар, најдобри кошаркари се Цветанка Димитрова и Ивона Крстева, а Видан Станоев за најдобар футсал играч на град Кавадарци за 2016 година.
Покрај нив, признанија им беа доделени и на најдобрите млади ракометари, млади спортски амбасадори, спортски организации, како и на компанијата „Кожувчанка“ која и годинава е најголем поддржувач на голем број кавадаречки спортски колективи.
Ipon.mk/В.Д.