Филип Наковски во трилер борба загуби од Бермета, но беа прогласени за најборбен пар (ВИДЕО)

Кумановскиот боксер Филип Наковски (86 кг) во трилер борба загуби од повеќекратниот шампион на Албанија, Албан Бермета, но беа прогласени за најборбен пар на турнирот кој се одржа во Бујановац, Србија.

Во втората рунда Бермета влезе поостро, притоа и двајцата не се штедеа и ја направија оваа борба најинтересна, бидејќи имаше три броења. Првин Филип го турна Бермета во нокдаун, а подоцна двапати му броеја на Филип.

„Со оглед на околностите, да тренирам сам во импровизирани тренинзи и услови, во кои тренираме и паузата од излегување во рингот, не можам, а да не бидам задоволен од прикажаното. Во оваа борба мислам дека немам ништи загубено. Задоволен сум од прикажаното,“ изјави Филип Наковски за Кумановски муабети.

На турнирот настапија боксери од Србија, Македонија, Албанија и Косово.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON