Филип Кузмановски најдобар спортист на Битола, Ален Рустемовски е втор, признанија за животно дело за Ѓуро Илиќ и за Златко Пецаковски

Синоќа Битола ги избра најдобрите спортисти за 2024 година, а ракометарот Филип Кузмановски е најдобриот битолски спортист за минатата година .

Второто место му припадна на боксерот Ален Рустемовски, а третото на Леа Бошевска – кик бокс.

Потоа следуваат Лука Стојановски – кошарка, Христо Василевски – билијард, Ивана Трајчевски – куглање, Христијан Јовановски – пинг понг, Дарија Крстевска – атлетика, Ева Милевска – скијање, Андреј Јовчевски – фудбал, Јовче Даскаловски – велосипедизам и Стефани Најдовска – одбојка.

За најдобра екипа за 2024 година е прогласен Ракометниот клуб  Еурофарм Пелистер, шампион на Македонија и за настапите во Лигата на шампиони, Боксерскиот клуб Пелистерски јунак е второпласиран и на трето место е Кошаркарскиот клуб Пелистер.

Признание за животно дело за спорт за ракометниот тренер на РК Пелистер – Анте Костелиќ, ракометарот Абдула Јусуфовски, борачот Златко Пецаковски и мајсторот за боречки вештини – Ѓуро Илиќ.

За најдобри младински екипи признанија добија: Еурофарм Пелистер, КК Петровски, КБК Енерџи, ТК Степ, ППК Пелагонија, Пелистер волеј Топ Гол и Атлетико.

Марија Димовска доби посебно признание за извонреден успех во младинска категорија – светски шампион.

Сојузот на спортови ги награди и најдобри младинци во 2024 година: Бојана Калешковска, Јована Јаневска, Вероника Кочов, Елена Јончевска, Леона Адиловска, Емилија Илковска, Јаков Мицевски, Мила Петровска, Ева Бошевска, Евгениј Ристевски, Ангела Ристевска, Сара Стојановска, Теодора Христовска, Деа Крстевска, Евгенија Јовчевска, Дарко Китановски, Калина Митева, Натали Бејковска, Маја Крстевска, Димитар Симоновски, Марко Димовски, Иван Младенов, Давид Мурговски, Наум Марковски, Анастасија  Дамјановска, Анастија Тодоровска, Лиле Лозановска, Анастасија Ристевска, Мила Коњановска, Тамара Нешковска и Јана Бошковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО