Филип Јосифовски е најдобар јуниор на „Купот на Србија“ во Кула!

HVAragng vo kula 7.11. 2015

Филип Јосифовски е најдобриот јуниот на Меѓународниот турнир во траеквондо „Куп на Србија“ во Кула, Србија. Тој освои две злата и по едно сребро и злато или вкупно 30 минути борба во 5 натсапи и две продолженија.

Јосфовски од ТК HWA RANG ITF од Лескоец освои златен медал во борби за јуниори до 63 килограми, бронза во сениори до 64 кг и во форми злато за сенори црн појас 1 дан и сребро за јуниори црн појас 1 дан.

Filip Josifovski borba Kula 7.11. 2015

„Судиите беа немоќни, Филип ги победи и нив. Најнеизвесна беше првата борба, во која што судиите многу безобразно судеа нерешено, па продолжение уште 1 рунда, и уште 1 продолжение за златен поен, и после 3 поен беа приморани да му ја дадат победата на Филип“, вели тренерот на Филип, Марјанчо Лазаревски, кој потенцира дека Филип е јуниор, има 17 години, се пријавил да се натпреварува во категорија сениори над 18 -39 години.

„Тоа го прават само најхрабрите. Борбите му течеа без прекин на две борилишта.

Во сениори изгуби за еден поен во полуфинале од претставникот на Бугарија, кој е многу поискусен од Филип, а беше и одморен, додека Јосифовски во меѓувреме се натпреваруваше на другото борилиште и во јуниори“, посочува Лазаревски и додава дека во јуниори имал 5 борби и го освоил првото место, а во сениори се закити со бронзен медал.

HVa rang vo kula 7.11.2015

„Филип го врати сјајот на Теквондо клубот Хваранг, кој беше препознатлив по тоа што ги собираше сите медали на турнирите. Исто така, Тамара Велјаноска во постари деца -жени 12-13 години, е прва во борби и втора во форми, Александар Јованоски, за жал, повторно беше оштетен од странана судиите и во форми и во борби. Но, јас сум сигурен во него и знам дека има огромен потенцијал и дека од него ќе излезе шампион. ТК Хваранг итф може да се пофали дека ги има најхрабрите борци, кои се препознатливи по својата храброст и пожртвуваност на овие турнири“, тврди тренерот на клубот од Лескоец.

 Лазаревски вели дека за сите нивни успеси најзаслужни се генералните спонзори ПН МЕТАЛ И НО.МА МЕТАЛ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО