Филип Хрговиќ потврди дека ќе биде замена за мечот Фјури-Усик: Ако некој отпадне, подготвен сум

Филип Хрговиќ (17-0, 14 КО) потврди дека се подготвува како резерва за борбата меѓу Тајсон Фјури (34-0-1, 24 КО) и Александар Усик (21-0, 14 КО) во мечот за апсолутен шампион во тешка категорија.

Во интервју за Тру скул спорт после тренинг „Ел Анимал“ даде многу опширен преглед на моменталната фаза од неговата кариера. Како што се наближува 18 мај, така хрватскиот боксер влегува во се поинтензивни подготовки. Потенцијална повреда на Украинецот или Британецот би значело дека Хрговиќ ќе скокне во еден од најголемите мечеви во последните 20 години и тимот на крајот ќе ја постигне целта – шанса за титулата светски шампион.

„Подготвен сум, тоа е во мојот договор. Ако некој отпадне, ќе бидам апсолутно подготвен. Моментално спарирам со разни боксери кои се контра“, изјави Хрговиќ.

Многу е веројатно дека смета на фактот оти Фјури хипотетички би можел повторно да се пензионира, а потоа остануваат само тој и Усик кој 90 проценти од времето боксира во контра гард. Таа изјава е само еден показател за тоа како „Ел Анимал“ и неговиот тим сериозно сметаат на таа шанса и соодветно се подготвуваат за сите сценарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON